Турски деликатес: Соган долма или полнет кромид

Соган долма
Соган долма / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ќебапи и лепчиња што се топат во уста, бурек и други пити, бегова чорба, клукуша, туфахија и баклава – се само дел од специјалитетите на богатата турска кујна.

Во морето од вкусни специјалитети ја издвоивме соган долма – вкусно јадење што доаѓа од Турција или во превод „полнет кромид“. Покрај кромидот, семејството „долми“ вклучува и тиквички, пиперки, домати, модар патлиџан и лозов лист. За да го подготвите ова вкусно традиционално јадење, ќе ви треба малку умешност и трпение, но кога ќе ги собереме предностите, какви што се евтините состојки и лесната подготовка, вреди да одвоите време за да го одушевите семејството или вашите пријатели.

Состојки:

– 10 средни глави кромид
– 500 г мелено месо (вид месо по ваш избор)
– 150 г ориз
– 1 голем морков
– сол, бибер, црвен пипер
– 1 лажица брашно
– масло за готвење

Подготовка:

Излупете го кромидот и издлабете ја средината со нож, а потоа ставете го во сад со вода. Се вари околу десет минути, но внимавајте да не го преварите. Извадете го кромидот и ставете го во ладна вода. Додека се готви кромидот, подгответе го филот. Пропржете го меленото месо, ренданиот морков, додајте го оризот и зачините и околу 50 мл вода. Откако кромидот малку ќе се олади, внимателно одвојте го секој слој за да добиете тенки „корпички“. Внимавајте слоевите кромид да не се распаѓаат. Наполнете го секој слој кромид со фил и ставете го во длабок, добро намрсен сад. На малку масло ставете една лажица брашно и една лажичка мелен црвен пипер. Мешајте една минута додека не го почувствувате мирисот на испрженото брашно. Тргнете од оган и прелијте со 300 мл ладна вода. Добро измешајте за да се распаднат грутчињата. Истурете ја запршката врз кромидот. Течноста треба да го покрие кромидот до половина, па приспособете ја количината во садот додавајќи повеќе вода доколку е потребно. Ставете ја соган долмата на шпорет, на средна температура, додека течноста не зоврие. Потоа префрлете во рерна. Печете 40 минути на 220 степени.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот