Турнир „Чајка“: Македонските одбојкари во пет сета го совладаа Египет

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

По убедливиот пораз од Јапонија на стартот, во својот втор натпревар македонската одбојкарска сениорска репрезентација на традиционалниот меморијален турнир „Чајка“ ја совлада селекцијата на Египет со 3:2 во сетови.

Првиот сет успеаја избраниците на селекторот Јошко Миленкоски да го добијат со 25:22.

Се реваншираа Египќаните освојувајќи ги следните два сета со 22:25 и 21:25 за преземање на водството.

Но, нашите најдобри одбојкари направија пресврт откако најпрвин израмни во четвртиот сет (25:23) и во решавачкиот беа подобри со 16:14.

Капитенот Никола Ѓорѓиев запиша 32 поени, Александар Љафтов 24, а двајцата имаа одличен процент на реализација. Филип Савовски заврши со осум, Владо Милев со четири, Стојан Илиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев со по три, а Славе Наков еден поен. Филип Маџунков не беше во составот.

Инаку турнирот „Чајка“ е последна подготовка пред настапот на Европското првенство 2023 во Скопје.

Последниот меч на турнирот Македонија ќе го има денеска од 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против Грција, а бесплатен е влезот за сите љубители на одбојката и спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот