Турковиќ ја оцени препораката за кандидатски статус на БиХ како „историска“

Министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Одлуката на Европската комисија да му препорача на Советот на Европската Унија, Босна и Херцеговина да добие кандидатски статус е добредојдена и историска за нашата држава и за граѓаните, оцени министерката за надворешни работи на земјата, Бисера Турковиќ.

„Ова е силна порака за граѓаните на Босна и Херцеговина, на што се надевавме и претходно, дека нашата иднина е внатре во европското семејство”, истакна Турковиќ на Фејсбук.

Таа ги поздрави напорите на земјите членки на ЕУ за на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус, со што би се поттикнале реформи и исполнување неопходни услови пред отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Турковиќ смета дека оживувањето на овој процес е од витално значење за граѓаните и за државата, како и за стабилизацијата на целиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот