Туркоглу ја поздрави одлуката на македонската кошаркарска федерација

фото: твитер

– Ваквите одлуки се потребни за да се спречи негово ширење и заканување по здравјето на сите спортисти – вели Туркоглу.

Со одлука на УО на КФСМ, оваа сезона нема да има шампион, а освен тоа, нема да има и испаѓање од друштвото на најдобрите.

Претседателот на Турската кошаркарска федерација, Хидајет Туркоглу, испрати поздравна порака за одлуката со која претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, заедно со соработниците, ставија крај на шампионатот на Македонија поради пандемијата со коронавирусот.

Честитки до мојот драг пријател Перо Антиќ и сите негови соработници во федерацијата на Македонија за донесената одлука да се прекине првенството. Тоа значително ќе помогне да се сочува здравјето на играчите. Се наоѓаме во специфично време во кое коронавирусот е непредвидлив, па затоа ваквите одлуки се потребни за да се спречи негово ширење и заканување по здравјето на сите спортисти.

Здравјето е приоритет во вакви вонредни ситуации, надевајќи се дека набрзо ќе се вратиме во нормален тек на животот – гласи пораката на легендата на турската кошарка, кој пред една година го поддржа Перо Антиќ за претседател на кошаркарската федерација на Македонија.

Туркоглу освен што е прв човек на турската кошарка, како играч настапуваше во НБА лигата за Лос Анџелес Клиперс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Торонто Репторс, Сан Антонио Спарс и Сакраменто Кингс, а својата професионална кариера ја започна на домашно тло во дресот на Ефес Пилсен.

Со турската сениорска репрезентација успеа да освои по еден сребрен медал на Евробаскет 2001 и на Светското првенство 2010, интересно и двата шампионати одржани во неговата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот