Туризмот во Албанија бележи загуби над 140 милиони евра

Ако ситуацијата продолжи, ефектите може да траат до три години, вели Топузи.

Загрозени се голем број работни места, а евектите од кризата може да траат и до три години смета првиот човек на Здружението на хотелиери и туризам во Албанија, Зак Топузи, додавајќи дека поради пандемијата со Ковид-19 албанскиот туризам до сега изгубил повеќе од 140 милиони евра.

-Доставивме неколку барања што одговараат на барањата на СЗО. Точно има 93.000 вработени во секторот туризам, но има повеќе кои се индиректно вклучени. Ако ситуацијата продолжи, ефектите може да траат до три години. Туризмот се подготвува за туристичка сезона од три месеци. До сега загубени се 140 милиони евра, изјави Топузи.

Топузи вели дека е свесен оти целокупната индустрија е затворена и дека преземените мерки биле неопходни, но смета дека неопходно е сега да се разговара и за состојбата во која се наоѓа хотелиерството и туризмот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот