Турција го казни Booking.com поради нелојална конкуренција

Познатата интернет страница за резервирање сместување Booking.com е прогласена за виновна поради нелојална конкуренција во Турција и парично казнета со 78.000 евра, објави порталот на глобалната адвокатска компанија за стопанско право ЦМС.

Иако станува збор за меѓународна компанија, Booking.com се најде на удар на турските закони, според кои сите компании кои работат во Турција (дури и преку турска мрежа) подлежат на административна и судска ревизија.

Стопанскиот суд оцени дека на Booking.com се наоѓаат реклами кои се сметаат за нелојална конкуренција (на пример „Гаранција за најдобра цена”), а тие огласи се појавуваат и во договорите со хотелите.

Судот испрати копија од својата одлука до Министерството за култура и туризам во случај на можни административни санкции против Booking.com.

Во текстот се наведува дека фирмите за е-трговија со седиште во странство, во Турција работат без дозвола и не плаќаат директни даноци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот