Турција со Арда Ѓулер ќе ја напаѓа Македонија
Младата ѕвезда на Турција, според турските медиуми, закрепнал потполно од повредата и треба да биде стартер во пријателскиот меч со Македонија в понеделник во Истанбул. Турција се подготвува за настапот на Мундијалот 2026, а селекторот на Македонија подготвува тим за Лигата на нациите
Турција треба да ја има во составот својата веројатно најголема ѕвезда кога в понеделник во Истанбул ќе се сретна со фудбалската репрезентација на Македонија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Арда Ѓулер (21), младиот ас на Реал Мадрид, според најавите во турските медиуми, треба да е во составот на Турција предводен од клупата од Италијанецот Винченцо Монтела.
Напаѓачот беше околу еден месец на пауза поради повреда, а наводно Монтела изјавил дека тој е целосно закрепнат и дека ќе може да стартува против Македонија.
Стадионот во спортскиот комплекс „Фенербахче Шукру Сараџоглу“ ќе биде домаќин на пријателскиот натпревар в понеделник (19.30 ч). Целиот капацитет од над 50.000 е распродаден.
Македонија во тој дуел влегува по пријателскиот меч со Босна и Херцеговина, минатиот петок во Сараево, кој заврши 0-0.


