Тупанчевски во Белград, Жерновски во Букурешт, кандидатите за амбасадори во вторник на собраниска комисија

Комисиска расправа во Собранието на РСМ/Фото: Скриншот

Во вторник пред Комисијата за надворешна политика ќе се најдат седум кандидати за амбасадор кои ќе ги презентираат проектите и плановите за идните дипломатски активности со што се очекува да се финализира постапката за нивно заминување во амбасадите.

Предлог за прв дипломат во Бразил е Игор Попов – дипломат од кариера. Професорот Никола Тупанчевски, поранешен министер за правда, заминува во Белград, а драматургот и писател Сашко Насев во Кина.

На листата се и имињата на Илбер Села, кој треба да замине во Берлин, а Андреј Жерновски во Букурешт. Во Израел и Полска амбасадори ќе бидат Шпенд Садики и Јасмин Ќахил, двајцата вработени во МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот