Тупанчески за случајот со новинарката Делевска: Формиравме комисија

проф. д-р Никола Тупанчески, министер за правда / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Формирана е дисциплинска комисија за да ги истражи деталите за вчерашното повикување на новинарката Соња Делевска од порталот СДК.мк на информативен разговор во полиција, рече вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.

Делевска пред неколку дена била повикана во полициска станица за објавен текст, откако поплака испратила раководителка на одделение во Министерството за правда.

„По утврдувањето на одредени состојби, сакавме да стигнеме до сите информации за настанот. Треба да се слушнат сите факти. Не седиме со скрстени раце и Министерството формира дисциплинска комисија која ќе ги истражи сите детали за случајот. Јавноста ќе биде навремено информирана“, порача Тупанчески.

Според него, постапка е покрената и во Министерството за внатрешни работи (МВР) за утврдување на околностите под кои новинарката Делевска била повикана во полиција.

Сефер Селими од „Democracy Lab“, кој исто така учествуваше во емисијата, смета дека најмалку што треба да се случи е вклучување и на јавното обвинителство во целиот случај за истражување на наводите за корупција.

Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања рече дека се надева оти барем од Министерството за правда ќе има јасна разрешница со цел да се докаже дека никој не смее да ја загрози слободата на говорот.

На Делевска во саботата на домашна адреса ѝ била доставена покана од полиција да се јави на разговор во полициската станица „Беко“, врз основа на добиена поплака од раководителка на Министерството за правда за текст кој го напишала новинарката.

Во новинарскиот напис не се открива идентитетот на функционерката од Министерството за правда. Според пријавата против Делевска, мистериозната државна службеничка по објавениот текст почувствувала вознемиреност за нејзиното здравје и за угледот.

ВИДЕО | Слободата на говор не смее да се замолчи со полициска строгост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот