Туна салата

Состојки:

1 конзерва ситно сечкана туна
1 поголема марула
100 грама пченка од конзерва
неколку зелени маслинки, ситно исечкани
сок од еден лимон
4 млади кромитчиња
оцет балсамико

Подготовка:
Најпрвин листовите марула убаво измијте ги и оставете ги да отстојат во сад со вода во која претходно сте додале една лажица сода-бикарбона. Потоа вака потопената марула, повторно исплакнете ја и исечкајте ја колку што можете поситно во сад за подготовка на салати.

Кромидот и маслинките исто така исечкајте ги ситно.

Додајте ги и нив во садот со марулата, а потоа ставете ги и туната (со масло или без, по ваша желба) и пченката, како и потребните зачини. Убаво измешајте ги сите состојки и салатата е готова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот