Тухел ќе прави чистка, ќе продава девет фудбалери за да го донесе Халанд

Менаџерот на Челси, Томас Тухел во обид да го ангажира Де Лихт од Јувентус/Лондон, Велика Британија/21 март 2021/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Минатото лето Челси потроши дури 250 милиони евра на засилувања, но и тоа не беше доволно за да се направи шампионски тим.
Во текот на сезоната е сменет Френк Лампард, и на негово место на тренерската позиција дојде Томас Тухел кој го врати  Челси на победничките патеки, но сепак „сините“ се далеку од борбата за титулата. Поради тоа, сопственикот на клубот, Роман Абрамович одлучи на лето повторно да го одврзе кесето, но нема да инвестира само свои пари, туку трансферот ќе зависи и од продажбата на фудбалерите.

Томас Тухел на лето планира да се ослободи од дури девет играчи, а со парите од нивните трансфери ќе се обиде да го донесе најбараниот напаѓач во Европа, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Први кои ќе бидат продадени се играчите кои моментно се наоѓаат на позајмица и на кои Тухел воопшто не смета, а тоа се Фикајо Томори, Рубен Лофтус-Чик, Мичу Башуаи и Рос Баркли и за нив „сините“ веќе бараат купувачи.
Исто така на лето може да си заминат и Тами Абрахам, Емерсон Палмиери, Жоргињо, Кепа Аризабалага и Антонио Ридигер.
Според планот на Абрамович но и на Тухел, од продажбата на овие играчи се очекува екипата да заработи околу 200 милиони евра кои планира да ги вложи во Ерлинг Халанд.
 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот