Тројца туристи од Македонија спасени од давење во Драч, двајца од нив во тешка состојба

драч, плажа албанија
Драч, Албанија / EPA/ARMANDO BABANI

Тројца туристи од Северна Македонија за малку избегнале давење на плажата „Голем“ во Драч- Албанија. Настанот се случил оваа сабота попладне. Албанските медиуми пишуваат дека веднаш им била укажана прва помош од други летувалци, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето. Сите тројца се пренесени во болница, но двајца од нив се во тешка состојба.
Според истите медиуми кои се повикуваат на официјално соопштение на државната полиција, се вели дека државјанинот од Македонија Ш. А., 48, е надвор од животна опасност, додека во тешка состојба се К.А., 66 години, а третиот државјанин, сè уште е неидентификуван, само се знае дека е на возраст од околу 60 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот