Три жени жртви на семејно насилство побарале помош во полициска станица

Семејно насилство / Насилство врз жени илустрација / Фото: Lev Dolgachov / Alamy / Alamy / Profimedia

Во полиција вчера биле пријавени три случаи на семејно насилство.

Како што информира МВР, во првиот случај синоќа, нешто пред полноќ, 33-годишна жена пријавила дека околу 20 часот и 30 минути во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.

Во вториот случај, пак, синоќа во 20 часот и 30 минути 20-годишна жена пријавила дека околу 6  часот во домот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А..

Во третиот случај, 20-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче, Л.Д.

Случајот бил пријавен во полиција вчера, во 5 часот. Нападот се случил околу 1 часот  и 30 минути во Прилеп.

Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот