Три скандинавски земји како примери за справување со ковид-19: Моделите на Финска, Норвешка и Шведска за контрола на вирусот без затворање

Данска, Финска и Норвешка имаа поразличен пристап во борбата против ковид-19 за разлика од останатите држави на европскиот континент, употребија некои од „најопуштените“ комбинации на рестриктивни мерки и успеаја да одржат ниско ниво на просечна дневна стапка на смртност од 1 септември до 30 ноември.

Успехот на Данска, меѓутоа, се чини е при крај. Според податоци на Универзитетот „Џон Хопинс“, данската стапка на смртност, за првпат од месец мај, ја мина границата од 1 на милиони жители, откако бројот на новозаболени во петокот беше на 4.000 случаи. Со оглед на растечкиот тренд на бројот на инфекции, тамошните власти ги проширија ограничувањата во текот на минатата недела, а притоа најавија и можно блокирање низ земјата со цел да се запре ширењето на вирусот.

Во анализата на „Си-Ен-Ен“ се наведува дека трите скандинавски земји реагирале брзо и на најмал раст на инфекции што, според американската ТВ куќа, им овозможи речиси искоренување на ковид-19 во летниот период и подготвени да ја дочекаат есента. Експертите како клучни ги нагласуваат упатствата до населението и нивната подготвеност за следење додека паралелно со тоа се засилија и капацитетите за тестирање, како и трагањето по контакти. Во тој контекст се нотира и платеното боледување како мерка за локализирање на епидемијата.

Рецептот на Финска 

Земја со најнизок просек на заболување и смртност по глава на жител во Европа е Финска, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопинс“. Државата успеа да се справи со локалната епидемија и покрај доста опуштените мерки за разлика од остатокот на континентот. Немаше ограничување на движењето низ внатрешноста на земјата, носењето на маски не беше задолжително, а оние на кои им беше потребно, можеа да одат на училиште и на работните места.

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

– Во ова нема ништо магично. Ние само имаме прагматичен пристап, вели Пека Норти, професор по епидемиологија на Универзитетот Тампере, кој повеќе од 25 години беше ангажиран од агенции за јавно здравство.

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Географските, како ниската густина на население, политичките и културните фактори, како и малкуте патувања и вербата во владата, исто така, беа од помош, но најголема разлика направи работата на здравствените агенции во земјата.

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финска, во периодот на летните месеци, изгради проверена теренска епидемиолошка пракса, истакна Норти. Тестирања, изолација, барање на контакти, ставање во карантин и спречување на настани со премногу луѓе на локално ниво, исто така, беа од големо значење. Просечниот дневен обем на тестови беше четирикратно зголемен од 2.900 во мај на 11.300 во август, покажуваат податовите на финското Министерство за здравство. Кон крајот на ноември, пак, лабораториите во Финска правеа по 23.000 тестови.

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финска го искористи летото и за подготовки за новиот бран, реагирајќи со превентивни мерки, наместо со целосно затворање, истакна директорот за здравствена заштита при финскиот Инситутот за здравство, Мика Салминен. Во таа насока од помош беа и ограничувањата на меѓународните патувања.

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

За да им помогне на луѓето да се изолираат и останат дома, владата на Финска овозможи и финансиска поддршка.

Начинот на Норвешка

Норвешките официјални лица, преку границата, го ставија фокусот на најзагрозените, а пролетниот „локдаун“ беше најстрог во цела Скандинавија. Нафтената и гасната индустрија беа во состојба да пружат голема економска заштита за да се ублажи ефектот врз паричниците. Владата, меѓутоа, набрзо се соочи и со поголема криза на менталното здравје. Кон крајот на август, исто така, здравствените власти открија дека околу 40 отсто од случаите што беа пријавени во јули биле меѓу странците во норвешката популација.

Фото: EPA-EFE/Manuel Lorenzo

Затоа и издвоените 770.000 долари за подобрување на комуникацијата во насока на подигнување на свеста за ковид-19 меѓу емигрантите.

Фото: EPA-EFE/Manuel Lorenzo

– Се чини дека таквите целни интервенции придонесоа за пад на стапката на инфекции во тие заедници, изјави Џонатан Тритер, професор по социологија и политика на Универзитетот Астон.

Довербата меѓу владата и граѓаните во Данска

Дел од експертите кои учествуваа во анализата на „Си-Ен-Ен“, како ран фактор за успехот на Данска ја наведоа јасната порака за ризиците и потребата за промена во однесувањето. Постигнувањата ги припишаа на нејзината историја на меѓусебна доверба на владата и граѓаните.

Фото: EPA-EFE/CLAUS BJOERN LARSEN DENMARK OUT

– Владата успеа да го активира тоа потекло на доверба, добра подразбирачка позиција и ефикасна комуникација, истакна професорот по политичка психологија од Универзитетот Архус, Мајкл Банг Петерсен.

Фото: EPA-EFE/MARTIN ZIEMER

Тој издвои и два фактора кои одредуваат како луѓето да се однесуваат за да ја избегнат инфекцијата. Едниот е мотивација – дали се загрижени поради заразата, вториот е дали знаат што точно треба да преземат за спречување на ширењето на болеста.

Фото: EPA-EFE/Henning Bagger DENMARK OUT

– Решавањето на пандемијата има врска со човековото однесување, изјави Сорен Бростром, прв човек на данската здравствена власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот