Три скандали во еден ден со сестрите Кардашијан: Неверства, разголени фотографии и нови романси
Иако најавија дека се повлекуваат од ријалити програмите, тие едноставно не знаат да престанат со скандалите .
Познатото семејство реши да го прекине снимањето на ријалити програмата од причина што немаа повеќе што да снимаат. Тоа можеше да се види во тек на првите епизоди од последната сезона, која беше снимена во ек на пандемијата, кога сестрите седеа во своите луксузни куќи.
View this post on Instagram
И само што светот здивна од веста дека нема повеќе да мора да ги следи Кардашијанови, тие решија да привлечат внимание – секоја за себе:
Ким Кардашијан (40) внимателно од јавноста ги крие деталите за својот мачен развод од Канје Вест. Ангажираше најдобар тим адвокати да ја брани од скандали, но и да го заштити своето богатство. И додека нејзиниот развод сè уште не е завршен, таа веќе бара нов партнер. Овој пат изборот падна на маркантниот телевизиски водител на Си-ен-ен, Вон Џонс, со кого Ким веќе долги години соработува.
View this post on Instagram
Озборувањата ги поттикна скорешниот развод на Вон од сопругата со која беа во брак 14 години.
Кортни Кардашијан (42) е вљубена како тинејџерка и тоа во својот другар Тревис Беркер. Двојката во моментов е на одмор во луксузно одморалиште, а секојдневно на социјалните мрежи споделуваат експлицитни фотографии и видеоматеријали алудирајќи на својата голема љубов и страст.
View this post on Instagram
Клои Кардашијан (36) мака мачи со неверното момче Тристан Томсон со кого има тригодишна ќерка. Имено, тој ја изневерува на правилни временски растојанија, а потоа трча кај неа и ја опсипува со подароци и каење.
View this post on Instagram
Таа веќе му прости неколкупати и сега живеат заедно. Но, деновиве пак се појави вест дека Тристан повторно ја изневерил Клои и тоа со девојка по име Сиднеј, на која ѝ рекол дека е слободен. Ова се случувало пред еден месец, а двојката неколкупати била забележана заедно.
View this post on Instagram
Клои сè уште не се огласила во врска со овие обвинувања. Изгледа дека сагата за семејството Кардашијан продолжува, иако престана да се снима нивното ријалити.