Три реченици кои почесто треба да им ги кажувате на оние кои ги сакате

Ако сакате вашата врска, или било која релација, да биде среќна и здрава, морате да имате однос базиран на доверба и мора меѓусебно да се поддржувате со дела, но и со зборови.

Овие реченици не смеете да заборавите што почесто да ги изговарате на блиските.

Можам ли да ти помогнам?

За било-што да се работи, од миење садови до подготовка на тежок испит па до болест или сериозен животен проблем, на сите им е мило да чујат дека имаат некој на своја страна, некој кој сака да им помогне, дури и ако тоа веќе го знаат. Луѓето кои имаат одлични врски се тимски играчи и често си ја поставуваат реченицата – Како можам да ти помогнам?

Одлично изгледаш

Освен што ласка на егото, кога некој ќе ви каже „баш ти е убава денес косата“ или „супер ти стојат фармерките“ тоа значи дека таа личност ве забележува и сака да ве потсети дека ѝ се допаѓа тоа што го гледа.

Благодарам 

Не забораваме да кажеме „благодарам“ на продавачката во дуќанот или на келнерот во ресторанот, зашто тоа би било дури и непристојно, но толку често забораваме да им кажеме „благодарам“ на блиските. Докажано е дека со изразување на благодарност за ситни, секојдневни работи кои партнерот ќе ги направи за вас, се зголемува задоволството и квалитетот на врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот