Три пожари во Скопје и околината, зафатени беа повеќе куќи и објекти
Во изминатото деноноќие во Скопје и околината избувнаа три пожари, при што беа зафатени повеќе куќи и објекти, но за среќа повредени лица нема, а пожарите беа изгаснати од противпожарната бригада.
Препорачано
Три куќи се запалиле на улицата „Јуриј Гагарин“
Во вторникот во 01:48 часот во полиција е пријавено дека на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на 73-годишниот М.Б., 41-годишниот И.С. и 53-годишниот М.А., сите од Скопје.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Куќа се запалила на улицата „Дринска“
Во понеделникот, во 15:48 часот е пријавено во СВР Скопје дека на улица „Дринска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на 40-годишниот А.А. од Скопје.
Повредени нема, а скопските пожарникари го изгаснале пожарот.
Во Горно Блаце гореле објект и сува трева
Во понеделникот во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Горно Блаце, скопско настанал пожар на објект и сува трева, во сопственост на 49-годишниот В.Т. од село Блаце.
Повредени нема, а екипата од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.


