Три концерти ќе се одржат на фестивалот на современа музика „Модоарс“

Јубилејното 15. издание на Фестивалот на современа музика „Модоарс“ ќе биде отворено на 6 јуни со концерт во камерната сала на Филхармонија.

На концертот како солисти ќе настапат Ема Попивода – пијано и Џузепе Нова – флејта, заедно со камерниот оркестар „Профундис“. Диригент на концертот е Паоло Шибилија од Италија.

Публиката ќе има несекојдневна можност да ужива во концерт со контрастна програма. Во првиот дел ќе се изведе Триптих концертот за флејта и оркестар оп. 10 на Антониo Вивалди. Во вториот дел од концертот премиерно ќе бидат изведени авторските композиции за пијано и оркестар на Ема Попивода со наслов „Supersonic pieces“.

Во продолжение на Фестивалот „Модоарс“ ќе следуваат концертите на Алесандро Вена – пијано (Италија) на 13 јуни во Даут пашин амам, со премиерна изведба на Етидите на Филип Глас.

На интернационалниот ден на музиката, 21 јуни, Јулија Кастелучи (Словенија) ќе одржи спектакуларен вокално-музички перформанс.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 131, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 4-5 јуни 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот