Трендот од кој не се сите одушевени, но наскоро ќе ги преплави продавниците
По големата доминација на минимализмот, доаѓа вистинско освежување… Социјаланата мрежа „Pinterest“ најави нови модни трендови кои ќе ја одбележат 2022 година, а особено вклучуваат шарени, живи и весели бои.
Пинтерест е социјалната мрежа на која се обраќаме во потрага по визуелна релаксација, уметничка инспирација, и особено кога станува збор за внатрешен дизајн каде што е лесно да се потрошат часови и часови подготвувајќи ги сите прекрасни идеи што сакаме да ги најдеме во нашиот дом.
View this post on Instagram
Таму често наоѓаме модни идеи, идеи за прослави, идеи за убавина и слично, а самиот Pinterest потврдува дека не сме единствените кои создаваат трендови за следната година врз основа на пребарувања, кои ги презентира во првиот месец од тековната година.
View this post on Instagram
Меѓу другото, Пинтерест предвиде каква облека ќе носиме во 2022 година, а овој пат не се работи за конкретни парчиња, туку за боја, односно бои! Имено, под името „допамин облекување“ се предлага во 2022 година да носиме живи бои кои ни даваат чувство на среќа и оптимизам, од бои на виножито до електрик сина и фусија, потрагата по шарени аутфити се зголеми кај сите возрасни групи и полови.
View this post on Instagram
Интересно е што Пинтерест издвои еден пазар каде што т.н „допаминскиот прелив“ ќе биде сигурен и апсолутен хит! Така, драстично е зголемена потрагата по термини како розови чевли, фусија аутфит, смарагдно зелени фустани и колор блок.
View this post on Instagram
Не ви треба многу промислување и размислување за да го испробате овој тренд, изберете ги боите што ги обожувате и распоредете ги на логичен начин со мисла дека е важно стајлингот да ви предизвикува среќа кога ќе го видите. Во секој случај, се радуваме на пошарена 2022 година!
View this post on Instagram