Христијан Мицкоски Фото; Принтскрин

Треба да се истражи како во минатото пракса беше да се губат арбитражите, а сега се добиваат, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е вистина дека повторно ќе се отвори рудникот Казандол, кој денеска беше во Кочани на увид на работите на новиот погон во „Анфенол“.

Тој рече дека сопствениците на инвестицијата во Казандол го изгубија спорот и побарувањето од 115 милиони евра оштета.

„Тоа значи дека тие веќе немаат концесија. Не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот. Тоа е веќе конструкција и обид за манипулација од одредени кругови кои што не ѝ мислат добро на Македонија и на граѓаните во Македонија“, рече Мицкоски.

Ова, рече Мицкоски, е втора арбитража којашто државата ја добива и се очекуваат барем уште две во периодов што следи. Според премиерот, вистинското прашање е како во минатото било пракса да се губат арбитражите и како сега наеднаш арбитражите се добиваат во полза на државата.

„Треба тоа да се истражи. Да, ние направивме одредени промени во адвокатскиот тим, но некако симптоматично е како во минатото се губеа сите арбитражи како по правило, а сега ги добиваме. Во случајов станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра. Толку беше тужбеното барање на спротивната страна која што беше побарување од тужениот, тоа беше Македонија. Причина да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на Владата за формирање на рудникот Казандол, рече премиерот Мицкоски.

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот