Влада на РМ- зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

Владата од наследените осум активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши три во полза на Македонија со што е направена заштеда на буџетот од 516 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева.

Покрај добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово заштедени се 115 милиони евра, за што Владата соопшти вчера. Митева на прес-конференција посочи дека се добиени и постапките „Саса“ со вредност од 445 милиони и „Гама“ против Македонија од над пет милиони евра.

– Кога сме кај лажните обвинувања од СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена и завршена кога тие беа во Владата тогаш очекуваме одговор зошто во првата половина од април 2023 година во Виена се водени преговори за можна спогодба со Казандол, помеѓу претставници од Владата и на тужителите, за што потврда е дека оваа Влада има донесено одлука со што ја има одбиено предложената спогодба – рече Митева.

Покрај осумте наследени арбитражни постапки, од кои три се инвестициски, а пет трговски спорови, Митева посочи дека Владата наследила и најава за опомена на тужби за најмалку уште четири, а вкупната потенцијална штета изнесувала 865 милиони евра.

– Овој податок говори за неодговорниот однос на претходната влада, која со своите постапки ги доведе во ризик Буџетот на државата и меѓународниот углед – рече Митева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот