Фото: Кабинет на претседател

„Треба да постапува тајно“: Сиљановска-Давкова пак е збунета од изјавите на Обвинителството за шпионската афера

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска пак рече дека била збунета од изјавите на Јавното обвинителство, посочувајќи дека тоа не требало да дава изјави по весници за истрагата што се води околу наводната шпионска афера во нејзиниот кабинет.

„Законот за кривична постапка не ги покрива само јавните обвинители, туку и сите нас, вклучувајќи ги и новинарите. Предистражната постапка е тајна и ниту треба да се споменуваат замислени личности, па дури и да се опишуваат нивните карактеристики. Случај настанува во моментот кога предистражната ќе прерасне во истражна. Уште еднаш кажувам – збунета сум, ако Јавното обвинителство, кое треба да постапува тајно, даваше изјави во весници за контактките со Министерството за надворешни работи. Во системот има поделба на власта и работите си ги врши секој за кои е надлежен“, рече Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања.

Според неа, и да сакал некој да посегне по шпионажа, која секогаш се однесува на класифицирани податоци, не може тоа да го стори, бидејќи кабинетот немал, ниту практикувал електронска мрежа на класифицирани податоци,

„Тоа е прво, значи тешко може да речеме дека се работи за шпионска афера“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа истакна дека веќе дала одговор, и не само таа, туку и другите институции оти не е точно дека кабинетот не ги дал видеоснимките.

„Дојдоа службите за внатрешни работи, си го направија тоа што го направија. Ниту сум присуствувала таму, ниту сакам да се мешам во активности“, изјави Сиљановска-Давкова.

Што се однесува на прашањето дали некоја земја од НАТО Алијансата се има интересирано за овој случај, претседателката со одговор „зошто би се заинтересирал некој од НАТО, следниот ден беше адмиралот од Неапол присутен и не знам зошто некој би се заинтересирал за нешто што вака се одвива е спротивно на Законот за кривична постапка“.

Претседателката додаде дека е мирна и одговорна за овој случај.

„Меѓутоа надлежните органи ќе го кажат и првиот и последниот збор, а ова во предистражна постапка не е време за зборување, особено од оние кои се должни да ја почитуваат тајноста и јас сум една од тие“, подвлече Сиљановска-Давкова.

Шпионската афера со месеци без епилог – видеоснимки без трага, докази без анализа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот