Трансродова жена за првпат на сцената на „Sвездите на Гранд“: Цеца ќе ѝ биде ментор

Фото: Принтскрин - Инстаграм / ЈуТјуб

Алина Јухарт е Словенка, која од почетокот на оваа година живее и работи во Белград. Покрај тоа што сакала да ги истакне своите вокални способности со појавувањето во „Sвездите на Гранд“ младата надежна пејачка како трансродова личност сака да го охрабри секој човек да го живее својот живот и својата животна вистина.

Вчеравечер во „Sвездите на Гранд“ првпат се натпреваруваше трансродова жена, Алина Јухарт (29). Таа ги испеа „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ и „Лажу те“ од „Амадеус бенд“ па кажа дека дошла од Словенија за да пее во популарното шоу. Таа доби шест гласа и можност да бира кој ќе и биде ментор, па ја избра Марија Шерифовиќ, но таа ја одби.


„Алина, ти се храбра и решителна девојка, слободна личност која има право да сака како што сака, бидејќи тоа право никој не може да ти го ускрати. Но, јас не сум добар ментор за тебе затоа што не можам да се справам со тие ситни чувства, тоа го правам нервозно, гласно, грубо и не би можела да се справам со никого кој нежно би реагирал на тоа. Јас сум се што не си ти. Добредојде, Алина Кралице“ –  рече Марија, по што Алина ја избра Цеца за ментор.

Пејачката претходно на сцената излезе во црн фустан и штикли, со долга коса, по што за момент го збуни жирито, бидејќи во апликацијата пишувало Алино Јухарт, па сите очекувале на сцената да се појави машки вокал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

„За мене е голема чест што сум овде. Јас сум од Словенија, од февруари живеам во Белград. Дојдов овде затоа што мислам дека Србија и целиот регион мора да запознаат жена како мене. Јас сум само една нормална личност која сака да сака, да биде сакана и да биде среќна како сите други. Сакам да го инспирирам секој човек да го живее својот живот и својата животна вистина. И сите вас ве обожавам, не ми се верува дека сум тука“, изјави Алина по настапот.

 

Алина за својот настап доби гласови од сите членови на жирито, освен од Драган Стојковиќ – Босанац.

„Пееше правилно и убаво, но она што ми направи проблем, е што не знаев кој пол си, а имаш лирски тенор во убаво женско тело и тоа е едноставно диспропорција на моето разбирање на музиката. Само не знам како утре би ти одбрал песни, по кое музички правило за да биде добро, без да ме исмеваат. А што се однесува до твојата родова ориентација, јас те поддржувам“ рече Босанац.

Настапот на Алина почнува на 1:15:49.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот