Трамп: Затоа ме сакаат Афроамериканците, видоа дека и јас сум бил дискриминиран

Трамп / ЕПА

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците.

Тие го поддржуваат, вели тој, „затоа што го гледаат како жртва на дискриминација“, споредувајќи го она што му се случува со историското наследство на предрасудите кон Афроамериканците во американскиот правен систем.

„Не сум обвинет за ништо, за нешто што не е ништо“, рече Трамп на собирот на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина. „И многу луѓе велеа дека затоа ме сакаат Афроамериканците, затоа што беа тешко повредени и дискриминирани, а всушност видоа дека и јас сум бил дискриминиран“.

„Прилично е неверојатно, но можеби, можеби, има нешто во тоа“, рече Трамп. Претходно оваа недела Трамп се спореди себеси со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во затвор.

Тој ја фокусираше својата трета кампања за Белата куќа на поплаките против Бајден и она што тој го нарекува „длабока држава“ која што се насочила против него.

Изборниот штаб на Трамп предвидува дека тој ќе се справи подобро со афроамериканските гласачи во ноември отколку пред четири години, наведувајќи дека има предност по прашањата како што се економијата и рекордниот број луѓе кои ја преминуваат американската граница со Мексико, кои често завршуваат во градови со голема афро-американска поплуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот