Трамп за средбата со Ким: Не успеавме да се договориме за времето

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, посочи дека средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун веројатно нема да се одржи за време на неговата посета на Јужна Кореја оваа недела, објави Њузмакс Балканс.

„Го познавам Ким Џонг Ун многу добро. Се сложуваме многу добро. Навистина не можевме да се согласиме за времето“, рече Трамп на почетокот од разговорите со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг во градот Гјонгџу, објави Јонхап.

Дводневната посета на Трамп на Јужна Кореја, како дел од самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), предизвика шпекулации дека тој би можел да одржи состанок со Ким за да ја обнови личната дипломатија околу прашањето за нуклеарната програма на Пјонгјанг, истакнуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот