Доналд Трамп / Фото: Фејсбук

Трамп тврди дека Иран пуштил 10 танкери низ Ормускиот Теснец како „подарок за САД“

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран оваа недела им дозволил на 10 нафтени танкери да поминат низ Ормускиот Теснец како „подарок за САД“, објави „Си-ен-би-си“.

Иран го направил тој гест за да им покаже на САД „дека сме вистински, цврсти и дека сме таму“, рече Трамп за време на седница на кабинетот.

Овие коментари даваат одговор на прашањата што се отворија два дена претходно, кога Трамп првпат рече дека Иран им дал подарок на САД, поврзан со нафта и со гас, без да објасни на што точно мисли.

Трамп го изнесе тоа тврдење откако на состанокот инсистираше дека САД водат „многу суштински разговори во врска со Иран“, иако Техеран негираше дека имало директни разговори.

ВИДЕО | Трамп: Иран ми понуди да бидам врховен лидер, но јас одбив

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјавил дека Вашингтон добил повеќе сигнали од регионални и други актери кои сакаат да помогнат конфликтот да заврши по дипломатски пат. Тој потврдил дека САД испратиле мировна рамка од 15 точки, но нагласил дека таа не била предадена директно, туку преку Пакистан како посредник.

Во меѓувреме, иранските државни медиуми објавија дека Техеран не ја прифатил американската понуда за прекин на огнот и возвратил со сопствени услови, меѓу кои и барање за суверенитет над Ормутскиот Теснец. Трамп претходно дури ја спомена и можноста теснецот да биде под некаква заедничка контрола со иранското раководство, додека Виткоф порача дека конкретните детали намерно се чуваат подалеку од јавноста.

Што бараат Америка, Израел и Иран за да ги закопаат секирите?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот