Трамп со пцовка се закани на Иран (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп во петокот на емисија на радио употреби пцовки зборувајќи за Иран, пренесува Си-Ен-Ен.

Трамп се јави во емисија на конзервативниот коментатор Раш Лимбо и зборуваше за иранската поддршка за групи кои САД ги прогласи терористички и одлуката да се повлече од нуклеарниот договор со Иран.

Трамп рекол: „Иран го знае тоа. Ако се зае*авате со нас, ако ни направите нешто лошо, ќе ви направиме работи кои никој досега не ви ги направил“.

Трамп во 2018 година ги повлече САД од договорот со Иран кој беше усвоен за време на администрацијата на Барак Обама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот