Трамп се потсмеваше на апокалиптичните предвидувања за иднината на Грета Тунберг

Фото: Профимедиа

Претседателот Доналд Трамп ја исмеја 16-годишната активистка против климатски промени Грета Тунберг на Твитер, објави „Политико“.

Како реакција на излагањето на шведската тинеjџерка на генералното собрание на Обединетите нации (ОН) за климатските промени, Трамп напиша: „Таа изгледа како многу среќна млада девојка која се надева на светла и убава иднина. Тоа е многу убаво да се види“!

Трамп учестуваше на самитот за климатски промени во Њујорк, но по само 14 минути го напушти собирот. Американскиот претседател константно го искажуваше својот скептицизам за ставот дека луѓето не се главни виновници за климатските промени, и неговата администрација одби да стави приоритет на ова прашање.

Од друга страна, Тунберг доби голема бројка на поддржувачи ширум светот поради нејзините големи напори за подигање на свеста околу климатските промени на глобално ниво, добивајќи голема поддршка пд млади луѓе.

Објавата на Трамп содржеше еден нејзин став кој го изнесе пред ОН: „Луѓето патат, луѓето умираат, цели екосистеми колабираат. На почеток сме од масовното истребување и се за што можете да зборувате се парите и бајките за вечниот економски развој.“

Тунберг не го спомена Трамп, ниту пак било кој друг светски лидер, но таа ги критикуваше светските политичари.

– Не разочарувате. Но, младите луѓе започнуваат да го разбираат вашето предавство. Очите на сите идни генерации се вперени во вас. И ако изберете да го правите тоа, јас велам: Никогаш нема да ви простиме – истакна Грета Тунберг.

Минатата среда, Тунберг се обрати пред комитетот на Конгресот во Вашингтон. Таа побара конгресмените да ги послушаат научниците и да се обединат зад нив, а потоа и да преземат реални и вистински чекори.

Трамп не беше единствениот кој и се потсмеваше на Тунберг. На американскиот канал „Фокс њуз“, Мајкл Ноулс ја нарече шведската активистка „ментално болно шведско дете кое е искористено од нејзините родители и меѓународната левица“.

Исто така, во својата емисија синоќа на „Фокс њуз”, Лора Инграм, ја нападна Тунберг, споредувајќи ја малолетната девојка со протагонистите од филмуваната хорор приказна на Стивен Кинг во која деца на христијански фундаменталисти ги убиваат сите возрасни во сектата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот