Фото: Donald Tramp / ZUMAPRESS.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Трамп претпазлив за договорот со Иран: Нема брзање и не смеат да создаваат нуклеарно оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека им порачал на своите претставници да не брзаат со каков било договор со Иран. Така всушност ослабнаа надежите за неизбежен пресврт во тримесечната војна, кои претходниот ден беа подгреани од двете страни.

Еден од најлошите договори некогаш направени од САД беше Иранскиот нуклеарен договор потпишан од Барак Хусеин Обама и аматерите од неговата администрација. Тој договор беше директен пат за Иран да создаде нуклеарно оружје. Не е така со трансакцијата за која преговара администрацијата на Трамп со Иран која е целосна спротивност!, напиша Трамп.

Тој додаде дека преговорите напредуваат во конструктивен дух, но им кажал на неговите застапници да не брзаат со догоовр и дека времето е „на наша страна“.

Американската блокада на иранските бродови во Ормускиот Теснец ќе „остане во целосна сила сè додека не се постигне, сертифицира и потпише договор, напиша Трамп на Truth Social додавајќи дека „двете страни треба да имаат време се да направат точно и без грешка“.

Преговорите напредуваат, а односите на САД со Иран станаа попрофесионални и попродуктивни. Но тие (Иран) мора да сфатат дека не може да создадат нуклеарно оружје или бомба, додаде Трамп.

Еден ден претходно, Трамп изјави дека Вашингтон и Иран „во голема мера го договориле“ меморандум за разбирање за мировен договор со кој повторно ќе се отвори Ормутскиот Теснец, за транспорт на нафта и течен природен гас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Икс порача дека со Трамп се согласиле оти секој конечен договор со Иран мора целосно да ја отстрани нуклеарната закана.

-Претседателот Трамп и јас се согласивме дека секој конечен договор со Иран мора да ја елиминира нуклеарната опасност. Тоа значи демонтирање на иранските постројки за збогатување ураниум и отстранување на збогатениот нуклеарен материјал од иранска територија, напиша Нетанјаху.

Договорот за мир со Иран е при крај, Ормускиот Теснец набргу пак ќе се отвори, вели Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот