Трамп помилува демократски конгресмен обвинет за мито и за заговор: „Бајден му вршеше политички прогон“
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата ги помилуваше демократскиот конгресмен од Тексас, Хенри Куејар, и неговата сопруга во федералниот случај за мито и заговор, наведувајќи дека, според него, правосудството било „оружје“ против нив, објави „Асосиејтед прес“.
Препорачано
Трамп, кој тврдеше дека и неговите сопствени правни проблеми се политички прогон, напиша на социјалните мрежи, без да приложи докази, дека Куејар и неговата сопруга Имелда биле обвинети зашто конгресменот бил критичар на имиграциската политика на претседателот Џо Бајден.
Трамп напиша дека Куејар „храбро зборувал против политиката на отворени граници“ и го обвини Бајден дека тргнал по конгресменот и по неговата сопруга „само затоа што ја зборувале вистината“.
Примил пари за да ги промовира интересите на банка и на енергетска компанија
Федералните обвинители ги обвинија Куејар и неговата сопруга дека примиле илјадници долари во замена за тоа конгресменот да ги унапредува интересите на енергетска компанија под контрола на Азербејџан и на банка во Мексико.
Куејар е обвинет дека се согласил да влијае врз законодавство во полза на Азербејџан и да одржи говор во американскиот Конгрес во нивна корист.
Трамп го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез
Куејар претходно изјави дека тој и неговата сопруга се невини. Нивното судење требаше да започне во април следната година.
„Хенри, не те познавам, но вечерва можеш мирно да спиеш. Твојата кошмар е конечно завршен!“ напиша Трамп во објавата за помилувањето.
Куејар му се заблагодари на Трамп
Куејар, кој зборуваше пред новинарите пред неговата конгресна канцеларија, накратко му се заблагодари на Трамп.
„Мислам дека фактите отсекогаш биле јасни, но сакам да му се заблагодарам на Бог што стоеше до мене и до моето семејство во овој тежок период. Сега можеме да се вратиме на работа. Ништо не се менува, продолжуваме напорно да работиме,“ рече тој.
На прашањето дали ќе ја смени партијата, тој одговори: „Не, како што реков, ништо не се менува“.
Портпарол на претседателот Бајден не одговори веднаш на барањата за коментар.
Трамп го помилува осудениот измамник, поранешниот конгресмен Џорџ Сантос
Американскиот Устав му дава на претседателот широки овластувања за давање федерални помилувања. Помилувањата не ја бришат кривичната евиденција, но можат да се сфатат како чин на милосрдие или на правда, честопати кога станува збор за јавен интерес.
Трамповите помилувања оваа година вклучуваат низа неочекувани имиња, честопати политички блиски до него. Тој помилуваше десетици републиканци обвинети за учество во неговите напори да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година. Даде амнестија на сите повеќе од 1.500 обвинети во нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година. Исто така, помилува поранешен републикански гувернер на Конектикат, поранешен конгресмен од Републиканската партија и ријалити-ѕвезди обвинети за измама на банки и за затајување данок.
Трамп помилува осомничен за нападот во Капитол осуден за друго дело – поседување оружје
Хенри Куејар сѐ уште се соочува со истрага во Комитетот за етика во Конгресот. Комитетот започна истрага во мај 2024 година, веднаш по подигнувањето на обвинението, и таа беше обновена во јули. Комитетот наведува дека е во контакт со Министерството за правда за да избегнат преклопување на истрагите и истовремено да го зачуваат интегритетот на Конгресот.
Кој е Куејар и какви се неговите ставови?
Куејар, кој е повеќе од 20 години во Конгресот, е умерен демократ кој претставува област на границата со Мексико и честопати се разидува со својата партија по прашања за имиграција и за оружје.
Тој беше меѓу најгласните критичари на реакцијата на администрацијата на Бајден на рекордниот број мигранти кои ја преминуваат границата. Тој е и еден од последните демократи во Конгресот кои се противат на правото на абортус.
Куејар не е единствениот демократ кого Трамп го помилуваше годинава. Во февруари тој го помилуваше поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевич, пет години откако му ја скрати казната за политичка корупција.
Како и во случајот со Куејар, Трамп тврдеше дека и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, демократ, се соочил со федерални обвиненија зашто бил критичен кон имиграциската политика на Бајден.
Иако Адамс не беше помилуван, Министерството за правда го повлече случајот откако Трамп ја презеде функцијата, откако градоначалникот почнал да соработува со републиканската администрација околу имиграцијата.
ФОТО | На денот на благодарноста Трамп помилува две мисирки, едната „побегнала“ од свеченоста


