Трамп помилува осомничен за нападот во Капитол осуден за друго дело – поседување оружје
Доналд Трамп по втор пат помилува еден од сторителите на нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година, еден од последните преостанати осудени вооружени лица кои сè уште се во затвор, објави Еј-би-си севен.
Препорачано
Член на екстремно десничарската милиција „Чувари на заклетвата“ (Oath Keepers), Ден Вилсон, упадна во Капитол носејќи гас-маска. Тој беше помилуван од Трамп за злосторството на денот на неговата инаугурација на 21 јануари, заедно со 1.500 други лица осудени за нападот врз Капитол. Но, тој остана во затвор за нелегално поседување оружје во неговиот дом во Кентаки. Тој беше осуден на пет години затвор и требаше да биде ослободен во 2028 година.
Во претседателската наредба издадена во петокот се вели дека помилувањето е универзално и безусловно.
„Ден Вилсон е добар човек. По повеќе од седум месеци неправедно затворање, чувстува олеснување што повторно се среќава со своите најблиски“, изјавија неговите адвокати, Џорџ Палас и Карло Стјуарт, во изјава за медиумите. „Овој чин на помилување не само што ја враќа слободата, туку и ги изнесува на виделина ексцесите што ја поделија нашата земја.“
Во февруари, администрацијата на Трамп тврдеше дека помилувањето не ја опфаќа пресудата за оружје бидејќи не е поврзана со нападот од 6 јануари.
Но, неколку недели подоцна, Министерството за правда се предомисли и пресуди дека помилувањето треба да ги опфати и прекршоците поврзани со оружје, бидејќи тие беа откриени за време на истрагата на ФБИ за нападот врз Капитол.
Доналд Трамп внимаваше да го намали значењето на нападот врз Капитол, нарекувајќи го 6 јануари 2021 година „ден на излевање љубов и наклонетост“ за него.
На тој ден, стотици лути поддржувачи на Трамп го нападнаа Капитол за да го спречат потврдувањето на изборната победа на Џо Бајден.
Незамисливото предизвика шок во Соединетите Држави и низ целиот свет.


