6 C
Скопје

Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на 20 јануари кога е инаугурацијата на Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го напушти Вашингтон утрото на 20 јануари кога е инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден, иако размислувал да замине на 19 јануари, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознат со ситуацијата.

„Тој не сака да замине како екс-претседател ниту да го позајми претседтелскиот авион…Неговиот тим работи на собирање голем број негови приврзаници кои ќе го отпратат”, наведува изворот.

Трамп, кој веќе објави дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален говор во базата Ендрус, недалеку од Вашингтон, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер форс уан”.

Според изворот, тој потоа ќе отпатува за Палм Бич, Флорида, во неговиот клуб Мар-а-Лаго.

Извор.МИА

Прочитајте и...  Претставичкиот дом го одобри нацрт законот за изборни реформи во САД

Поврзани вести

САД: Русија ги блокира напорите Сирија да одговара поради употреба на хемиско оружје

Слободен печат

Ќучук: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Османи им се заблагодари на гласачите: Историската победа им припаѓа на граѓаните на Косово

Илинка Иљоска

Бурна ноќ за полицијата и инспекторите: Испразнета салата „Јане Сандански“ – 150 навивачи од трибините испратени дома

Мирослава Бурнс

Стефоска: Охрид треба да биде стратешка цел и грижа на сите

Слободен печат

Започна евакуацијата на жителите: Нов силен земјотрес со јачина од 8,0 степени близу Нов Зеланд

Слободен печат

Остави Коментар