Николас Мадуро, претедателот на Венецуела и Доналд Трамп,претседател на САД - Илустрација , Извор -Х

Трамп: Нема избори во Венецуела, мора прво да ја средиме државата

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во наредните 30 дена.

-Ќе биде потребно одредено време. Прво мора да ја средиме државата. Не може да има избори. Мораме да ја излечиме државата додека да се опорави, рече Трамп за американската телевизија НБС Њуз.

Венецуелската влада и понатаму смета дека Николас Мадуро, кого американските сили во саботата го притворија е легитимен претседател на земјата.

Според венецуелскиот устав, во случај на трајно отсуство на претседателот, потпретседателот ја презема должноста и мора да организира нови избори во рок од 30 дена. Меѓутоа, останува нејасно дали новото раководство моменталната ситуација ја смета за „трајно отсуство“.

Потпретседателката Делси Родригез која од 2018 година ја обавува оваа функција, во понеделникот положи заклеетва како вршител на должноста потпретседател на државата. Врховниот суд во текот на викендот ѝ ја довери должноста шеф на државата.

Викендов американските сили нападнаа цели во Венецуела и го заробија Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Тие се префрлени во Њујорк каде ќе се соочат со обвиненија за кривични дела поврзани со трговија со дрога.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот