Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Трамп на митинг во Северна Каролина: Ќе кандидирам жена за Врховниот суд оти повеќе ми се допаѓаат од мажите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека наредната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи починатата Рут Бадер Гинзберг во Врховниот суд на САД.

– Името на кандидатот ќе го објавам во текот на наредната недела. Тоа ќе биде жена. Мислам дека би требало да биде жена, затоа што жените многу повеќе ми се допаѓаат од мажите , рече Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина.

Американскиот претседател го повика Сенатот да го разгледаат неговиот кандидат за судија на Врховниот суд „без одлагање”, со цел да се пополни местото што остана празно по смртта на судијката Рут Бадер Гизнберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот