Трамп го откажа патувањето на Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека американските мировни претставници и дипломати нема да патуваат во Пакистан на разговори со Иран, оценувајќи дека таквите средби не носат резултати.
Препорачано
Во изјава за „Фокс њуз“ Трамп посочил дека преговарачите Стив Виткоф и Џаред Кушнер нема повторно да заминат на разговори со иранските претставници во Исламабад. Според него, нема потреба американската делегација да прави 18-часовен лет до Пакистан, бидејќи САД, како што наведе, „ги имаат сите карти“ во конфликтот со Иран.
„Им посочив на моите луѓе пред малку додека се подготвуваа да заминат, дека, не, нема да прават 18-часовен лет за да одат таму. Ги имаме сите карти. Тие можат да ни се јават кога сакаат, но нема да правиме повеќе 18-часовни летови за да седат и да зборуваат за ништо’“, изјави Трамп.
Тој додаде дека Иран може да стапи во контакт со Соединетите Американски Држави во секое време доколку сака продолжување на разговорите.
Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата
Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, според наводите, веќе го напуштил Исламабад по состаноците што во саботата ги имал со пакистанскиот премиер.
Изјавата на Трамп доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, додека дипломатските напори за смирување на состојбата остануваат неизвесни.


