Трамп ги собира новинарите на Мар-а-Лаго, се очекува кандидатура за претседател

Доналд Трамп/ Фото: Orit Ben-Ezzer/Zuma / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска повика новинари на неговиот луксузен имот Мар-а-Лаго на Флорида, каде се очекува утревечер официјално да објави дека ќе се кандидира за претседателските избори во 2024 година.

Седумдесет и шестгодишниот милијардер, посочи дека утревечер по локално време (среда рано наутро по средноевропско време) новинарите ќе ја проследат „многу големата објава”.

– Претседателот Трамп во вторник ќе објави дека ќе се кандидира за претседател, изјави еден од неговите советници, Џејсон Милер, кој предвидува дека говорот на Трамп ќе биде „многу професионален, доста внимателно подготвен”.

Дел од медиумите пишуваат дека Трамп, кој е познат по својата непредвидливост, сè уште има време за да се премисли во последен момент. Но, тој со месеци едвај ја прикриваше желбата повторно да се кандидира за претседател на изборите во 2024 година.

Доколку одлучи да ја одложи кандидатурата, како што наводно некои советници му сугерираат, тоа според поединци би било непригодно, бидејќи тој ја најавуваше неговата објава како „можеби еден од најважните говори во историјата на САД”.

Доколку се кандидира во 2024 година, на Трамп тоа ќе му биде трета трка за претседател, а петти национални избори каде е носител на републиканската листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот