Фото: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS/ POOL

Трамп ги избрка сите архитекти на Бајден во Белата куќа – не им се допаднала идејата за нова балска сала

Од Белата куќа соопштија дека наскоро ќе биде именуван нов состав на Комисијата, „поусогласен со политиката на претседателот Трамп – Америка на прво место“, изјавил неименуван претставник од администрацијата.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги разреши сите шест членови на независната федерална Комисија за ликовни уметности – телото кое требаше да ги разгледа неговите нови градежни планови, меѓу кои и изградбата на нова балска сала во Белата куќа.

Од Белата куќа соопштија дека наскоро ќе биде именуван нов состав на Комисијата, „поусогласен со политиката на претседателот Трамп – Америка на прво место“, изјавил неименуван претставник од администрацијата.

Комисијата за ликовни уметности, формирана пред еден век од американскиот Конгрес, има советодавна улога во однос на архитектонски и урбанистички проекти во главниот град Вашингтон.

Отпуштените членови биле назначени во времето на претходниот претседател Џо Бајден.

Изградбата на новата балска сала, која ќе го носи името „Трамп“, започна минатата недела и, според проценките, ќе чини повеќе од 250 милиони долари. Проектот предвидува и уривање на дел од Источното крило на Белата куќа.

Реакциите не изостанаа. Демократскиот сенатор Адам Шиф, заедно со уште неколку сенатори, побара од Белата куќа целосен извештај за начинот на финансирање на проектот.

„Нетранспарентната природа на оваа шема ги продлабочува сомнежите дека претседателот Трамп повторно го продава пристапот до Белата куќа на поединци или компании со лични интереси во федералните одлуки“, навел Шиф во писмо до шефицата на кабинетот, Сузи Вајлс.

Трамп, кој пред влегувањето во политиката беше инвеститор во недвижнини, изјави дека самиот, заедно со донаторите, ќе ги покрие трошоците за изградбата на балската сала во Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот