Најуспешната архитектонска реализација за 2025 година е метафора за македонската колективна меморија
Непосредно пред новогодишните празници Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја врачи Големата годишна награда за најуспешна архитектонска реализација за 2025 година, а покровител на наградата е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот …

