Нетанјаху и Трамп средба во Белата куќа EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Трамп е за преговори, му кажа „не“ на Нетанјаху за воена акција против Иран во моментов

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се спротивставува на преземање воена акција во овој момент, бидејќи верува дека постои можност за постигнување договор со Иран за неговата нуклеарна програма, објави во вторникот американскиот новински веб-сајт „Аксиос“, цитирајќи еден израелски и еден американски функционер.

Претседателот Трамп ги даде коментарите за време на телефонскиот разговор со Нетанјаху во понеделникот, пренесува „Аксиос“.

Во извештајот се вели дека за време на 40-минутниот разговор, Нетанјаху му рекол на Трамп дека Иранците се експерти за опструкција и затоа треба да им се претстави веродостојна воена закана. Трамп не бил убеден од образложението, изјавил израелски функционер.

Од своја страна, Трамп му рекол на Нетанјаху дека Иранците се „тврдоглави“ и дека е разочаран од нивното однесување, но верува дека можат да бидат убедени да се согласат.

Телефонскиот повик меѓу Трамп и Нетанјаху се одржа неколку дена пред истекот на двомесечниот рок што Трамп му го даде на Иран за постигнување договор.

Во меѓувреме, Иран го финализира својот одговор на предлогот на САД за нуклеарен договор. Се очекува формално да го отфрли оваа недела.

Шестата рунда разговори меѓу претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, се очекува да се одржи во Оман оваа недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот