Трамп е подготвен да се сретне со лидерите на Иран

EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Ен-Би-Си повторно изјави дека не сака војна со Иран, бидејќи тоа за Техеран ќе биде „деструктивно со такви разурнувања какви што не сте виделе”.

-Немам намера да го правам тоа, изјави Трамп во интервјуто кое целосно ќе биде емитувано утре.

Американскиот претседател потенцира дека не постојат никакви начелни услови за преговори помеѓу Вашингтон и Техеран.

Тој, сепак, изрази подготвеност да се сретне со претседателот на Иран, Хасан Рохани и ајатолахот Али Хаменеи.

Трамп и претходно изјавуваше дека не сака воени дејствија против Иран.

Според официјален Техеран и иранскиот иранскиот корпус на Гардата на исламската револуција, беспилотното летало на САД било соборено оти го нарушило воздушниот простор на Иран. Додека Американците негираат дека дронот се наоѓал во иранска територија.

Пентагон објави траекторија на летот на беспилотното летало „Ар-Кју-4″ и илустрацијата покажува дека тој се наоѓал во меѓународни води во Персиски Залив или надвор од воздушното пространство на Иран.

Трамп одобри нанесување на удари по Иран, но операцијата во истиот ден беше „откажана во начелната фаза”. Како што изјави американскиот претседател, во случај на напад врз Иран жртвите ќе бидат несразмерни со цената на урнатото беспилотно летало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот