Трајанов: ДИК не достави покана до новоизбраните пратеници, туку до овластените предлагачи на партиите и коалициите

Последните две недели новоизбраните пратеници се предмет на критики поради тоа што не присуствувале на свечената седница на ДИК, одржана на 25.07.2020 година, за да ги примат уверенијата за избор на пратеник, инфомира Павле Трајанов од Демократки Сојуз.

-Сакам да ја информирам јавноста дека ДИК не доставил информација (покана и сл.) до новоизбраните пратеници, туку до овластените предлагачи на партиите и коалициите. Таквата информација не е проследена до сите пратениците и затоа не беа присутни на свечената седница на ДИК.

Од таму неосновани се коментарите и критиките упатени  спрема нив.

Се надевам дека пратениците во новоизбраниот состав ќе бидат многу поактивни, самостојни во домот на демократијата и ќе ги артикулираат интересите на граѓаните и државата, рече Трајанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот