Трагедија во Кина: Осум деца се удавија во река

Фото: Профимедиа

Осум деца се удавиле во река во југозападна Кина кога едно дете паднало во вода, а другите скокнале да го спасат, пренесуваат денеска кинеските државни медиуми.

Несреќата се случила во градот Чонгчин во југозападна Кина, а како што е наведено децата се во основно училиште.

Државните медиуми јавуваат дека децата  отишле да си играат на брегот на реката вчера и дека телата им се најдени изутрина. Засега нема други информации.

Силен дожд бил предвиден за Чонгчинг, но засега не е познато дали временските услови имале улога во несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот