ТРАГЕДИЈА: Почина Стеван Јеловац, кошаркарскиот репрезентативец на Србија

Играчот на АЕК бил итно пренесен во болница на 14 ноември кога му се слошило за време на тренинг/Фото: facebook.com/trollBABBA

Српскиот спорт доживеа тежок удар, почина 32-годишниот повремен репрезентативен на Србија во кошарка, Стеван Јеловац.

Јеловац, кој на клупски план ги бранеше боите на грчкиот АЕК, бил итно пренесен во болница на 14 ноември кога му се слошило за време на тренинг.

Се испостави дека крилниот центар имал мозочен удар, а како што соопшти неговиот клуб по првата интервенција на медицинските стручњаци, ситуацијата и понатаму била критична, „но стабилна“.

Но, на почетокот на неделава, поради сериозноста на ситуацијата, Јеловац на иницијатива на неговото семејство беше префрлен на лекување во Србија.

За жал, немаше спас за српскиот кошаркар, објавија во неделата вечерта бројни грчки медиуми.

За време на својата богата кариера, Јеловац играше за Визура, Мега, Црвена звезда, Анталија, Јувеказерта, Литвос Ритас, Сарагоса, Нижњи Новгород, Бросе Бамберг, Газиантеп и јапонскиот Сан-Ен Неофиникс.

За репрезентацијата на Србија настапуваше во квалификациите за СП 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот