Трагедија, почина синот на легендарниот НБА играч Скоти Пипен

epa03308628 National Basketball Association (NBA) legend Scottie Pippen gestures as he arrives at Manila's international airport, Philippines, 17 July 2012. Pippen along with other former NBA stars are in Manila to play against a selection of collegiate basketball players. EPA/FRANCIS R. MALASIG

Антрон Пипен, најстариот син на легендата на НБА лигата, Скоти Пипен, почина во 33. година од животот. Антрон имал здравствени проблеми,  поточно имал астма, но засега не е познато дали тоа е причината за смртта на Антрон.

„Скршен сум бидејќи вчера се збогував со својот првороден син. Двајцата ја делевме љубовта кон кошарката и имавме многу бројни разговори. Антрон патеше од хронична астма и верувам дека би стигнал во НБА доколку ги немаше тие проблеми. Никогаш не дозволуваше тоа премногу да го погоди и многу сум горд во тоа во каков човек израсна. Прекрасна душа замина прерано. Те сакам сине. Почивај во мир додека не се сретнеме повторно“, напиша Пипен со социјалните мрежи.

Видео на денот