Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

На езерото Палич кај Суботица, денес околу 18 часот маж исчезнал во водата и неговото тело сѐ уште не е пронајдено.

Од полицијата во Суботица велат дека едно лице кај Машкиот штранд на Палич викал помош, а потоа исчезнал.

– Со увидот е утврдено дека во близина на викенд населбата, на оддалеченост од 50 метри од Машкиот штранд едно лице повикувало помош, а потоа исчезнало во езерото – дознава Блиц.рс.

Телото на удавениот маж не е пронајдено, ама се пронајдени неговите работи и велосипедот. На помош пристинале и пожарникари, но не успеале да го пронајдат исчезнатиот маж во водата, а како што пишува Блиц.рс потрагата ќе продолжи утре, кога ќе дојдат специјални нуркачи.

Се претпоставува дека човекот може доживеал срцев удар во водата заради кој настанало и давење во водата.

Видео на денот