ТРАГЕДИЈА: Мојата Лана (7) отиде на рутинска операција на крајници, 6 дена подоцна почина!

Вака низ солзи за Курир.рс раскажува Ѓорѓе Јанковиќ (79) од Белград, чија внука Лана Мркањ (7), починала на 5 јуни во Ургентниот центар во Србија, во кој итно е префрлена заради обилно крварење кое го добила по операција на крајници во институтот за мајка и дете „Др Вукан Чупиќ“.

-Сметаме дека беше лошо оперирана и дека би ја спасиле да останеше во болница, но лекарите ја испратија дома иако имала зголемена температура и без разлика што ги молевме тоа да не го прават, вели неутешниот дедо и додава:

-Мојата ќерка Ана со Лана е примена на институтот на 29. мај. По сите прегледи и анализи, детето е оперирано ден подоцна. Лана во салата била час и половина наместо 20 минути, колку што обично трае интервенцијата. Лекарот излезе цел крвав и рече дека одамна не правел ваква тешка интервенција, дека крајниците и биле залепени за жлездите и артериите, како и дека Лана обилно крварела, но сето тоа е запрено. Тој лекар брзаше на специјализација во странство и рече на Ана да остане во болница. Внука ми потоа доби температура и само плачеше, не можеше ни вода да пие од болки, а камоли да јаде. Сепак иако родителите молеа да ја остават во болница, некој друг лекар мојата внука во понеделникот ја отпуштил од институтот.

-Цело време трпеше силни болки. Лана почна да плука крв во млазеви, глетката беше ужасна, губеше свест, се виде дека умира. Веднаш викнавме Брза помош која ја одведе во Ургетен центар. Лекарите некако успеаја да ја оживеат и ја приклучија на апарати. Кажаа дека не дишела и дека скоро еден час нејзиниот мозок бил без крв и воздух. Непрекинато крварела. Лекарите не успеаја да ја спасат. И застана срцето. Ова е незапамтена трагедија за нашето семејство, раскажува неутешниот човек.

-Веруваме дека во старт лошо ја оперирале и закачиле артерија. Нејзе и бил препишан и лек против болки кој дополнително ги шири крвните садови. Сигурен сум дека лекарите би ја спасиле да ја оставеа на институтот. Не сакам повеќе никој да загуби живот по рутинска операција, очаен е Јанковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот