Тотенхем ќе купува на „Камп Ноу“, а му нуди милиони на Сон за нов договор

epa07134191 FC Barcelona's Carles Alena (R) in action during a Spanish King's Cup round of 32 match between Cultural Leonesa and FC Barcelona in Leon, Spain, 31 October 2018. EPA-EFE/J. CASARES

Младиот фудбалер на Барселона не одигра ниту една минута за првиот тим од почетокот на сезоната.

Екипата на Тотенхем во летниот преоден рок ја засили екипата со неколку нови фудбалери, но менаџерот Жозе Мурињо има само една желба за зимскиот преоден рок. Шпанските медиуми открија дека Мурињо е сериозно заинтересиран за играчот на Барселона, Карлос Алења.

Играчот од средниот ред има 22 години, но од почетокот на сезоната не одигра ниту една минута за Барселона досега и најверојатно ќе побара трансфер во зимскиот преоден рок.

Минатата сезона имаше неколку блесоци и покажа дека има иднина на „Камп Ноу“, но со доаѓањето на Роналд Куман за тренер, работите се сменија и Алења е заковен на клупата за резервни играчи.

Мурињо сака да го искористи ваквиот развој на настаните за да го донесе Алења во Тотенхем и се очекува за 20-тина милиони евра да го реализира трансферот во јануари.

Освен што работи на засилување на тимот, Мурињо работи и на задржување и наградување на сегашните играчи. Тотенхем планира да му понуди нов договор на јужнокорејскиот репрезентативец Хјонг-Мин Сон чиј договор истекува во 2023 година.

Со новиот договор платата на Сон би се удвоила, односно Тотенхем му нуди петгодишен договор со кој ќе заработува 220.000 евра неделно плус бонуси за времето поминато на теренот. Грубата математика вели дека Сон доколку го испочитува договорот со крај би можел да заработи 57 милиони евра за пет години.

Јужнокореецот фантастично ја започна сезоната, на осум натпревари постигна дури девет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот