Тошковски: Лицата кои наполниле 18 години и немаат лична карта утре ќе можат да се фотографираат без термин

Панче Тошковски/, фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Во пресрет на изборите, Министерството за внатрешни работи ги повика сите граѓани кои наполниле 18 години утре да се упатат кон пунктовите низ државата за да се фотографираат за лична карта која ќе биде изработена во разумен рок за да можат да го оставарт своето гласачко право. Министерот Панче Тошковски денеска изјави дека се работи за околу 500 лица и постапката може да се заврши за еден ден.

Во однос на динамиката на изработка на личните документи, Тошковски рече дека моментално се работи со целосен капацитет, но и дека не очекува да се зголеми во перидот што следи.

– За издавање на пасошот по итна постапка се чека пет до седум дена додека, по редовна постапка за околу два месеци. Да не се лажеме, тоа се капацитетите, изјави Тошковски по посетата на СВР Скопје.

МВР вчера соопшти дека организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Фотографирањето ќе се одржи на 6 април во перод од 8 до 15 часот.

-Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори, се вели во соопштението од МВР.

Лицата кои наполниле 18 години и немаат личен документ ќе се фотографираат без термин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот