Тортевски: Луѓе од претходната влада го контролираат врвот на МВР и Обвинителството

Фото: ТВ Телма / принтскрин

Луѓе од поранешната влада сѐ уште ги контролираат врвот на Обвинителството и на Министерството за внатрешни работи“ вели адвокатот Александар Тортевски.

„Вилма изјави дека од претходната влада имала сериозни притисоци за одредени луѓе и предмети. Ако никој не презема ништо, а ова го изјавува шефот на одделот за организиран криминал, тоа значи дека луѓето од поранешната влада сѐ уште ги контролираат врвот на обвинителството и МВР“, напиша Тортевски на Твитер, осврнувајќи се на случајот со суспензијата на обвинителката Вилма Русковска.

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција беше суспендирана и оддалечена од вршење на функцијата, откако директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, се пожали во јавното обвинителство и поднесе кривична пријава против Русковска за наводно незаконски извршен претрес во Управата. Муареми се повлече од директорската позиција во Финансиската полиција истиот ден кога Русковска беше суспендирана.

Пропустите во постапувањето на Русковска и две нејзини колешки во случајот, кои ги констатираше Јавниот обвинител, вчера ги потврди и Советот на јавните обвинители.

При поднесувањето на жалбата за нејзината суспензија, на прашањето кој стои зад нејзината суспензија, таа кажа дека „не е актуелната влада, но можно е тоа да била претходна влада“.

На актуелниот владин кабинет на Димитар Ковачевски ѝ претходеше владата на чело со Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот