ТОПЕЊЕ ОД МИЛОСТ: Влегувате по кафе, добивате дружење со корги

корги
Фото Фејсбук

Во Бангкок е отворено уникатно кафуле со име „Corgi In The Garden“ кое на своите посетители им нуди неверојатно доживување, дружење со кученца од расата корги.

Сопственичката ја добила оваа идеја бидејќи и самата е љубител на оваа раса, откако добила голем пород од нејзината миленичка.

корги
Фото Фејсбук

Во ова кафуле има 12 преслатки кученца од расата корги. За кратко, уникатниот локал стекнал голема популарност и кај туристите, но и кај локалните жители.

Кој и да дојде, си заминува среќен и со насмевка. Сепак, сопственичката води строг распоред на работата, а дружењето со кученцата чини симболична сума, со цел да може да им се обезбеди прехрана и да не се трауматизираат. Но, посетителите некогаш се спремни да платат и поголема сума со цел овие кученца да имаат убав живот.

корги
Фото Фејсбук

Поради ограничениот број на места, кафулето не прифаќа резервации и работи на принципот кој прв ќе дојде, ќе биде прв услужен.

Нешто повеќе за оваа популарна раса

Расата корги е една од најобожаваните во светот, поради нивниот пресладок изглед и уникатен карактер. Тие се и многу лојални кон своите сопственици.

Оваа раса ѝ е омилена и на кралицата Елизабета Втора, која отсекогаш имала најмалку едно кученце корги како милениче.

корги
Фото Фејсбук

Постојат два вида корги – пемброк и кардиган. И двата вида потекнуваат од Велс. Во кафулето се чуваат корги од видот пемброк, кои се и попопуларни меѓу одгледувачите на оваа раса.

Работното време на кафулето е од вторник до петок од 12 до 18 часот, додека во сабота и недела работи од 10 до 18 часот.

корги
Фото Фејсбук

Максималниот број на гости е околу 50, а имаат вкупно 22 масички за кафе.

На секој час се прави пауза од примање гости, за да можат кученцата да се одморат и да соберат енергија за следното дружење со гостите.

Извор на фотографии: Фејсбук-страница „Corgi In The Garden“.

Прочитајте и која храна не смеете да ѝ ја давате на вашата мачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот